Фудбал

ИНТЕР НА ПРЕГОВОРИ СО ДИБАЛА?

Денешното издание на Газета дело спорт со шок бомба која ќе донесе многу возбудувања на Апенините – Интер и Дибала преговараат за негов трансфер на Џузепе Меаца ова лето како слободен играч?

Како се доближува летниот преоден рок, така се повеќе за засилуваат шпекулациите и најавите дека Дибала ќе го промени Торино со Милано ова лето. Преговорите на Јувентус и Аргентинецот не одат како што треба и официјализирањето на новиот договор не се случија оваа зима, а дополнително, бјанконерите го ангажираa Душан Влаховиќ правејќи го број 1 ѕвезда во тимот.

Според реномираниот италијански спортски весник, следната недела се очекува неговиот агент да се сретне со Бепе Марота, извршниот директор на Интер кој пред неколку години го донесе Аргентинецот во Јувентус од Палермо. Наводно, нероаѕурите се подготвени да му понудат 7,5 милиони евра годишно и да го обврзат на 5 годишен договор плус дополнителни бонуси. Дополнително, Интер се очекува да ослободи голем дел од своите трошоци за плати со трансфери на Видал, Санчез и Весино надвор од тимот како би создал услови за големите барања на Дибала.

Ваквиот износ во моментов не може да му го понуди Јувентус, а неговиот агент закажал состанок со челниците на бјанконерите по состанокот со Бепе Марота. Претходно оваа сезона, Дибала и неговиот агент на неколку пати индиректно најавуваа незадоволство од начинот на кој бјанконерите ги водат преговорите.

Преостанува да видиме каков ќе биде расплетот и дали нероаѕурите ќе успеат без ниту едно евро надомест да го привлечат бисерот на Јувентус.