МОЖЕ ЛИ БЕНЗЕМА ДА СТАНЕ НАЈДОБРИОТ СТРЕЛЕЦ НА РЕАЛ?
Објавено на: 10.03.2022
Ние велиме не може, а причината е едноставна и се вика Кристијано Роналдо. Со досегашниот просек, на Карим ќе му треба уште половина од периодот (13) поминат во Мадрид, што со оглед на возраста (34) и интензитетот со кој треба да игра, од оваа перспектива изгледа невозможно.
Кристијано Роналдо има 450 гола на 438 натпревари за Кралскиот клуб, што е повеќе од гол по натпревар. Да не зборуваме за битните голови и колку ги има нив на број. Раул е втор на листата со 323 гола од 741 меч.

Францускиот интернационалец има 309 гола на 592 меча. Што мислите вие на оваа тема?