ПОЛУФИНАЛИСТИТЕ ВО ЛИГАТА НА ШАМПИОНИТЕ, СЕ…
Објавено на: 14.04.2021
Екипата на Реал Мадрид одигра реми без голови на реваншот во Ливерпул (0:0, 1:3), со маестрална тактичка поставеност од страна на тренерот Зинедин Зидан кој има десеткувана екипа, но во финишот на сезоната ја препородува и ја исфрла во преден план за двојната круна – и во Лигата на шампионите и во шпанското првенство.
Манчестер со сомнителен пенал, за кој арбитри-експерти на повеќе ТВ станици рекоа дека не требаше да биде досуден, прво изедначи на 1:1 преку Марез во 55-та, по деби-голот на Џуд Белингам во 15-та минута, за Фил Фоден во 75-та да ја запечати судбината на Милионерите и да му обезбеди прво 1/2 финале на Сити по 2016-та (2:1, 2:1).
Во последниот филтер пред големото финале во Истанбул на 29-ти мај, ќе се соочат екпите на ПСЖ и Манчестер Сити, односно Реал Мадрид и Челси.