Фудбал

БИСЕРОТ НА АНГЛИСКИОТ ФУДБАЛ, ПОВТОРНО ПОГОДИ

Фил Фоден го постигна победничкиот гол во Дортмунд за конечните 2:1 на мечот меѓу Борусија и Сити, победа со која Граѓаните се пласираа во првото полуфинале по 2016-та, прво на Гвардиола кој потроши преку милијарда евра по доаѓањето во синиот дел на Манчестер.

Со 20 години, тој е само вториот играч во историјата на Лигата на шампионите со постигнат најмалку еден гол на два ¼ меча од еден двомеч, пред да наполни 21-на година, по Килијан Мбапе во дресот на Монако против Борусија Дортмунд (3:2, 3:1) во сезоната 2016/17.