Фудбал

КОЈ ИМА ПОСВЕТЛА ИДНИНА, ФОДЕН ИЛИ БЕЛИНГАМ?

Овие двајца имаа различна судбина сезонава, затоа што екипата на Фоден оди во 1/2 финалето во ЛШ, на сметка на екипата на Белингам, но и двајцата постигнаа гол во реваншот од 1/4 финалниот филтер во елитната лига.

Тоа е само вторпат во историјата, двајца фудбалери под 21-на година да постигнат барем по еден гол на еден нокаут натпревар, по Килијан Мбапе и Осман Дембеле на мечот меѓу Монако и Борусија Дортмунд во април 2017-та.

И тогаш, Борусија беше елиминирана… Ќе биде мошне интересно да се види како ќе течат кариерите на двата талента на англискиот фудбал, кои ги кројат своите мајстории во различни фудбалски средини, во Бундеслигата и Премиерлигата.