КОНТЕ ПРИЗНА – СИТУАЦИЈАТА ВО ТОТЕНХЕМ НЕ Е РОЗОВА
Објавено на: 26.11.2021
Италијанецот беше доведен како најголемото засилување на англиската екипа, последната деценија. Во него, Тотенхем гледа предводник за долги години.
Но, по поразот од Мура во Конференциската лига на УЕФА, на виделина почна да излегува сето она што „не штима“ во редовите на премиерлигашот.
По три недели, ја сфаќам состојбата во Тотенхем. Воопшто не е едноставна. Во овој момент, мојот клуб не е на високо ниво. – се зборовите на Антонио Конте.
Во четири меча откако седна на жешката клупа на англискиот фудбалски клуб, италијанскиот стратег има скор од две победи, едно реми и еден пораз.

На табелата во Англија е на 7-та позиција, со 10 бода помалку од лидерот Челси. Во Европа конференс лигата, има 7 бода на 2-та позиција во друштвото Г.