Фудбал

РЕАЛ ГО САКА ХAЛАНД, ХОЛАНД ГО САКА РЕАЛ

Добра вест за Кралскиот клуб, за раководството и за љубителите на фудбалот кои се симпатизери на оваа организација – норвешкиот интернационалец најверојатно ќе продолжи во редовите на Реал од Мадрид.

Eрлинг Хaланд истакнал дека неговата следна дестинација во кариерата, кога ќе ги напушти редовите на Борусија Дортмунд, ќе биде најтрофејната европска екипа, која ќе формира нова генерација „галактико“.

Освен напаѓачот на германската екипа, Реал е заинтересиран за Килиан Мбапе од ПСЖ и за Пол Погба од Манчестер Јунајтед. Најверојатно треба еден да повлече нога, за сите тројца да се најдат во белиот дрес.