Фудбал

ДАЛИ ХЕТ-ТРИКОТ НА КЕЈН ПРОТИВ АЛБАНИЈА Е НАВИСТИНА СОВРШЕН?

Англискиот репрезентативец постигна три гола, во квалификацискиот натпревар против Албанија, за пласман на наредното светско првенство што 2022-та година ќе се одигра во Катар.

Хери Кејн реализира т.н. совршен хет-трик, поститнувајќи голови со левата нога, со десната нога и со глава. Последниот гол беше особено сензационален, со ножички:

Дали ова остварување на фудбалерот на Тотенхем може да се нарече совршено и од резултатски аспект – Англија ја оддалечи Албаниа од конкуренција за првата позиција, а се одлепи и од Полска.

Англичаните сега имаат 23 бода, пред Полјаците со 20 и Албанците со 15 освоени бода, на едно коло до крајот на актуелниот мундијалски квалификациски циклус во групата И.