ТРЕБА ЛИ ЧАВИ ДА МУ ДАДЕ ДОВЕРБА НА ГАВИ?
Објавено на: 12.11.2021
Пабло Мартин Паез Гавира е 17-годишен фудбалер на Барселона, кој игра во средниот ред. На последниот квалификациски натпревар за шпанската репрезентација, во победата 0:1 против Грција, Гави не згреши ниту едно додавање во 65 минути на теренот, пред да биде заменет од Бускец.
Гави е роден во Андалузија, првите фудбалски чекори ги направи дома, но веднаш потоа премина во академијата на Бетис. Таму беше скаутиран од сите големи клубови, но најупорна беше Барселона која го доведе на 11 годишна возраст, а профи договорот го потпиша во септември 2021.

Куман му даде шанса во првиот тим на почетокот на сезоната 2021/22, но поради неговата возраст минутажата се уште му е лимитирана. Играше добро на пријателски средби, а по победата кај Штутгарт со 0:3, почнаа споредбите со легендата Чави. Ќе ја добие ли шансата сега?