ЌЕ ГО ИЗЕДНАЧИ ЛИ ЈУНАЈТЕД НАЈЛОШИОТ СТАРТ ВО ИСТОРИЈАТА?
Објавено на: 06.11.2021
Екипата предводена од Оле Гунар Солскјер не успеа да го сочува голот на 14-тиот меч по ред одигран на домашен терен, со поразот во манчестерското дерби од Сити на Олд Трафорд со 0:2.
Најтрофејната англиска екипа во модерната ера е во крајно незавидна позиција. Единствениот тим полош од овој, на црвените ѓаволи е генерацијата која играла меѓу април 1958 и март 1959, со 21 домашен меч на кој примиле гол.

По првиот пораз во последните 5 меѓусебни градски лигашки дерби дуели, тешко е ова време да си фан на Јунајтед – два врзани домашни порази од најголемите ривали – од Ливерпул 0:5 и од Сити 0:2…