Фудбал

БАРСЕЛОНА БЕЗ ЈАМАЛ НА НАЈДАЛЕЧНОТО ГОСТУВАЊЕ ВО КЛУПСКАТА ИСТОРИЈА

Барселона без Ламин Јамал ќе патува во Баку каде в среда ќе се соочи со Сабах во Лигата на шампионите. Јамал има мала повреда и одлучено е да не патува до Азербејџан, за да не се ризикува и да може да биде спремен за гостѕвањето кај Ла Коруња в недела. 

Баку се наоѓа на приближно 3.959 километри од Барселона по воздушна линија. Ова ќе биде најдолгото европско гостување во историјата на клубот. 

Екипата на Барселона денеска напладне ќе полета за Баку, а ќе се врати веднаш по натпреварот в среда. Многу часови летање без соодветен одмор се причините за загриженост во клубот пред ова гостување.