Кошарка

ПЕЈТОН КРАДЕ ПОДОБРО ОД ТАТКО МУ, ЗАБИВА КАКО ОД ШАЛА

НБА добива нова ѕвезда, наследник на неговиот татко и усовршена верзија на претходникот. Гери Пејтон 2 има неверојатна статистика сезонава, на двата краја од теренот и се наметнува како ново откровение во најсилното кошаркарско друштво.

Играше во повеќе НБА екипи, но се скраси во составот на Голден Стејт Вориорс каде настапува од почетокот на сезоната. Има 28 години, но не му е доцна да влезе во поширокиот круг на играчи што ќе ја одбележат ерата во која тој настапува.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Crossed Sports (@crossedsports)

Освен што има ракавица подолга и поголема од онаа на оригиналниот Гери Пејтон, поради што е наречен „mini-glove“, еве како забива Гери Пејтон јуниор, на задоволство на неговите соиграчи кои во тој момент беа на теренот и на клупата:

Веќе си го купи местото до Клеј Томсон и Стеф Кари?