Фудбал

ВАНДА НЕ МУ ПРОСТУВА НА ИКАРДИ?

Многу прашина се крена деновиве околу сагата помеѓу Мауро Икарди и Ванда Нара, откако француските медиуми објавија дека топ моделот го фатила напаѓачот во ПСЖ во неверство со друг модел од Аргентина.

Икарди доби и дозвола викендов да не тренира со ПСЖ поради „семејни обврски“, а Ванда побрза на својот Инстаграм профил да објави дека е во Милано, а не во Париз. Но вчера вечерта, Аргентинецот пристигна во Милано објавувајќи слика на својот Инстаграм профил во прегратката на Ванда.

Сепак, Ванда изгледа не простува. Утрово објави фотографија на својот профил каде што во фокус е нејзината рака без свадбениот прстен и дополнителен опис:

Повеќе ја сакам мојата рака без прстен на неа.

Како ќе заврши Аргентинската сапуница?