Фудбал

НЕМА ЖРТВИ – КОЈ ГИ СПАСИ ГЛЕДАЧИТЕ?

Познато е дека повеќе луѓе на исто место, кога се во движење и особено кога даваат повисока заедничка фрекфенција како на пример со скокање, значи опасност за подлогата под нив. Затоа стадионите се проектираат и се конструираат со далеку повисоки параметри за издржливост, од стандарните градби.

Навивачите на Фитесе славеа победа кај НЕЦ со 0:1, кога одеднаш трибината колабира. Нема повреди кај „скокачите“, освен кошмарите кои сигурно ги имале ноќта, знаејќи што можеше да биде. Од домашната екипа веруваат дека еден контејнер кој случајно се нашол под трибината, спречил трагедија. Страшно!