ПАВАР ОБЈАСНИ ЗА КАВГАТА СО ПОГБА, И ДОДАДЕ: „НЕ СУМ ДОВОЛНО СЕКСИ“
Објавено на: 18.10.2021
Францускиот бек појасни дека се е во ред меѓу него и Пол Погба, по нивната вербална пресметка во финалето во Лигата на нациите при победата на Франција против Шпанија.
Според играчот на Баерн Минхен, точно е дека тој не се движел доволно многу, за конкретната ситуација, поради кога збесна играчот на Манчестер Јунајтед кога имаше топка во шеснаесетникот, но немаше кому да додаде.
На сето ова, Павар ќе додаде дека на неговата позиција игра затоа што е добар фудбалер, а не манекен:
Со Погба расчистивме, го гледавме моментот по крајот на мечот и тој ми се извини за вербалниот испад. Точно е дека не трчав доволно во таа ситуација, но јас не сум сам на теренот.
Во однос на позицијата и моето рангирање на светската листа на десни бекови, можам да кажам дека тренерите ми дозволуваат да играм затоа што имаат доверба во мене.
На хартија, можеби не сум толку убав и секси како Ашраф од ПСЖ или Александер-Арнолд од Ливерпул, но на ранкингот меѓу мојата конкуренција, моето име го ставам прво.
