Фудбал

МАРТИНЕЗ ЈА ОТВОРИ ДИЛЕМАТА: ДАЛИ РОНАЛДО ЌЕ СЕДНЕ НА КЛУПАТА?

Кристијано Роналдо би можел за првпат на ова Светско првенство да остане надвор од почетниот состав на Португалија.

По бројните критики што ги доби по натпреварот против Колумбија, селекторот Роберто Мартинез за првпат јавно призна дека размислува за промени во стартниот тим пред осминафиналниот дуел со Хрватска.

Роналдо досега ги одигра сите три натпревари во групната фаза, а против Узбекистан постигна два гола. Сепак, португалските медиуми сметаат дека репрезентацијата изгледа физички истрошено и сè погласно се поставува прашањето дали 41-годишниот капитен треба да игра секоја минута.

Kристијано секогаш е на вистинското место во вистинско време. Кај него повеќе станува збор за менталната сила.

Селекторот потврди дека Роналдо нема никакви физички проблеми, но не ја исклучи можноста да биде одморен против Хрватска.

Немаше ниту физички ниту ментални проблеми поради кои не би можел да одигра 90 минути. Но, можеби на следниот натпревар ќе направиме промена. Тоа не важи само за Кристијано, туку за секој играч. Од натпревар до натпревар ја следиме нивната состојба.

Тој додаде дека искусниот напаѓач и понатаму има огромна улога во тимот.

Кристијано е напаѓач на кој треба да му се прилагодиме. Неговото движење отвора простор за соиграчите. Физички е во добра состојба и внимателно го следиме. Сега имаме четири дена за опоравување.

Дали Мартинез навистина ќе се реши на големо изненадување и ќе го остави Роналдо на клупата против Хрватска, останува да се види, но јасно е дека притисокот околу најголемата португалска ѕвезда станува сè поголем.