Фудбал

МАРЕЗ ПРИЗНА ДЕКА АЛЖИР И АВСТРИЈА БИЛЕ ДОГОВОРЕНИ ЗА РЕМИ?

Ријад Марез се најде во центарот на голем скандал по натпреварот меѓу Алжир и Австрија, а неговата изјава дополнително ги засили сомнежите дека двете селекции играле за резултат што им одговарал на двете.

Во драматичната завршница, Марез во 93. минута постигна гол за водство на Алжир од 3:2, резултат што ќе ја елиминираше Австрија и ќе го испратеше Алжир на второто место во групата.

Но, само неколку минути подоцна Австрија израмни на 3:3, во акција во која алжирската одбрана речиси и да не пружи отпор. Веднаш се појавија обвинувања дека натпреварот бил договорен, а дополнителни сомнежи предизвикаа и снимките на кои се гледа како дел од алжирските фудбалери незадоволно реагираат по голот на Махрез.

Наместо да ги смири реакциите, искусниот напаѓач со својата изјава уште повеќе ја разгори дебатата.

Ние ја ширевме играта, а тие се повлекоа. Во последната минута некој ми ја протна топката низ средината. Морав да тргнам. Морам да го почитувам фудбалот. Знам дека ситуацијата беше малку срамна, но топката дојде пред голманот и морав да шутирам.

Сепак, токму продолжението на неговата изјава привлече најголемо внимание.

Знам дека беше непријатна ситуација, но тоа е фудбалот. Добрата работа е што и тие постигнаа гол и се пласираа понатаму. И двете репрезентации поминавме понатаму и тоа е најважно.

Ваквите зборови веднаш беа протолкувани како индиректно признание дека на двете селекции им одговарал конечниот резултат.

Најголем губитник од ваквиот развој на настаните беше Иран, кој остана без место во нокаут-фазата токму поради ремито меѓу Алжир и Австрија.