Фудбал

ИБРАХИМОВИЌ ГО ИЗБРА ФАВОРИТОТ ЗА ТИТУЛАТА: СТРАШНИ СЕ

Легендарниот Златан Ибрахимовиќ нема дилема која репрезентација во моментов остава најсилен впечаток на Светското првенство.

Поранешниот шведски напаѓач, кој за време на Мундијалот работи како стручен коментатор на американската телевизија FOX, ја издвои Франција како најголем фаворит за освојување на титулата.

Франција е друг свет, нешто сосема поинакво. Кога играат на своето ниво, не гледам никој што може да им парира. Единствената шанса за противниците е Французите да се опуштат или да ја загубат концентрацијата. Тие се главни фаворити според мене.

Сепак, Златан предупреди дека во нокаут-фазата секоја грешка може скапо да се плати.

Сè може да се случи затоа што сега почнуваат елиминациските натпревари. Не смеат да бидат премногу самоуверени. Но, ако ги погледнеме првите три натпревари, никој нема таква ширина како Франција. Тоа е комплетен тим и мислам дека сè зависи од нив. Ако сакаат да ја освојат титулата и продолжат да играат вака, ќе станат светски шампиони.

Ибрахимовиќ посебно ја пофали атмосферата во францускиот тим, кој е преполн со големи ѕвезди.

Не е лесно да составиш тим со толку многу ѕвезди и сè да функционира беспрекорно. Вистинско уживање е да ги гледаш. Сите одлично соработуваат и навистина се фантастични. Искрено, изгледаат застрашувачки.