Фудбал

СЛАВЈЕТО НА ОЛИМПИКО ПРЕКИНА ТЕНИСКИ МЕЧ НА МАСТЕРСОТ ВО РИМ

Бизарна сцена го одбележа четвртфиналето на Италијански Опен во Рим, кога натпреварот меѓу Лучијано Дардери и Рафаел Ходар беше прекинат поради чад од огномет.

Димот пристигнал од блискиот Стадио Олимпико, каде Интер го победи Лацио во финалето на Копа Италија, а неговите фанови со пиротехнички средства ја прославија победата. 

Во моментот кога Ходар водеше 6-5 во првиот сет, густ чад од Олимпико се спушти над централниот терен на Форо Италико, тенискиот комплекс на кој се игра мастерсот во Рим, кој е во непосредна близина на олимпискиот стадион. Чадот беше толку густ што видливоста драстично се намали, а привремено откажа и електронскиот систем за линиски проверки.

Организаторите беа принудени да го прекинат мечот речиси 20 минути додека условите не се подобрат и системот повторно не проработи.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Men in Blazers (@meninblazers)

Телевизиските снимки покажаа целосно замаглен терен, додека играчите и публиката едвај го следеа движењето на топчето низ чадот.