Останато

УСЕИН БОЛТ ЗБОРУВАШЕ ЗА НЕГОВИОТ КАМ-БЕК

Осумкратниот олимписки шампион во спринтерските категоирии, кој во моментов има 35 години и веќе 5 години е вон компетитивна форма по пензионирањето 2017-та, изјави дека е доцна за враќање на тартанот:

Премногу е доцна, но сепак го чувствувам тој момент кога помислувам – Што ако се вратам? Кога му соопштив на мојот тренер дека ќе се пензионирам, тој ме седна и разговаравме – Ако се пензионираш, тоа е тоа, затоа биди подготвен и сигурен дека сакаш да се пензионираш.

Се сеќавам дека во 2019-та го прашав – Што мислиш да се вратам за ЛОИ во Токио? А, тој, само ме погледна и рече – не се ни обидувај. Сепак, се уште го имам тоа чувство во мене…

Јамајканецот Усеин Болт е најголемиот спринтер на сите времиња, доминантен спортист каков што човештвото нема видено ниту пред, ниту по него. Од Пекинг 2008 до Рио 2016, за него немаше конкуренција…