Фудбал

БАЕРН ВЕЌЕ ГО ОБЕЗБЕДИЛ ГОЛЕМИОТ ХРВАТСКИ БИСЕР?

Германската машинерија наскоро ќе го комплетира трансферот на вундеркиндот на Славен Белупо од Копривница, 16-годишниот Ловро Звонарек, најавува германскиот престижен медиум Билд.

Новиот дом на големата надеж на хрвстакиот фудбал ќе биде Алијанц Арена, на која тој ќе пристигне за трансфер-сума од 1.8 милиони евра, која дополнително може и да порасне до 5.

Младиот Хрват е интересен за Баерн Минхен веќе подолго време, а стратегијата за негово ангажирање најверјатно ќе им се исплати. Новиот Лука Модриќ ќе игра во Баварија?