Фудбал

ГО НАЈДОА ЛИ КРАЛЕВИТЕ НОВИОТ ПОГБА?

Со оглед на недостижноста на Клијан Мбапе од ПСЖ и нерасположението кај катарските газди да го продадат големиот фудбалски бисер, Кралскиот клуб се сврте кон друга опција. За 30 милиони евра, најверојатно ќе биде купен новиот Погба, односно Едуардо Камавинга од Рен.

Францускиот репрезентативец роден во Ангола има само 18 години, неговиот договор со францускиот клуб истекува на крајот на сезоната, а според шпекулациите тој веќе ги договорил личните услови со Реал Мадрид во договор со траење до 2026-та година.