Фудбал

ДАЛИ БИ ГЛАСАЛЕ ЗА НЕГО?

Фудбалската гала и доделувањето на престижната награда Балон Д’Ор беа одложени минатата година поради корона-кризата, но оваа најверојатно ќе се вратат на сцената во декември. Кој ќе го наследи победникот од 2019-та, Лионел Меси кој во новата сезона го носи дресот на ПСЖ?

Кандидат број 1 би требало да биде Жоржињо од Челси, кој ја освои Лигата на шампионите со лондонските сини и го покори Стариот континент со аѕурите, на последното ЕП. Дали би гласале за италијанскиот репрезентативец, со оглед на пеколната конкуренција?

Еве некои од имињата:

Лионел Меси (ПСЖ)
Кристијано Роналдо (Манчестер Јунајтед)
Ромелу Лукаку (Челси)
Eрлинг Халанд (Борусија)
Федерико Киеза (Јувентус)
Кевин Де Брујне (Манчестер Сити)
Роберт Левандовски (Баерн Минхен)
Килијан Мбапе (ПСЖ)

Балон Д’Ор е една од најстарите и најпрестижните индивидуални фудбалски награди, еднаш годишно на свечена церемонија ја доделува престижниот медиум Франс фудбал. Оваа награда се доделува од 1956-та, кратко беше споена со наградата на ФИФА (2010-15).

Во 2007-та, Кака од Милан беше последниот што ја освои наградата пред Роналдо (5) од Реал Мадрид и Меси (6) од Барселона, кои царуваа се до 2018-та кога победи Лука Модриќ од Реал Мадрид. Кој ќе ја освои Златната топка, годинава?