Фудбал

ГВАРДИОЛА Е ВО ПРАВО ЗА РОНАЛДО?

Шпанскиот стратег на една од последните прес-конференции изјави дека не сака играчи кои не трчаат кога немаат топка, затоа што неговата филозофија била убедување на останатите соиграчи дека вредиш и дека се бориш за тимот, без разлика на условите.

Иако Пеп зборувал за хипотетички играч, јавноста веќе го посочи Роналдо кој всушност бил примерот, а португалскиот ас претходно на свои блиски им открил дека се сомнева во намерите да биде ангажиран од страна на Гвардиола. Ќе го докаже ли „Роки“ спротивното?