Фудбал

КОЈ ЌЕ ГО ЗАМЕНИ РОНАЛДО ВО ЈУВЕНТУС?

Кристијано Роналдо ги пакува куферите, а неговата следна дестинација најверојатно е Манчестер, но во синиот дел од градот.

Неговото заминување ќе остави дупка во нападот на бјанконерите, со оглед на фактот дека Португалецот постигна 101 гол на 132 натпревари.

Според италијанските медиуми, како прва замена за Роналдо ќе пристигне Кин од Евертон. Некогашниот играч на Јувентус, кој во моментов е под договор со карамелите од Ливерпул би требало да пристигне на позајмица со задолжителен откуп од 25 милиони евра следното лето.

Но Јувентус нема да застане тука. Како втора замена за Роналдо се споменува Габриел Жезус од Манчестер Сити, кој и онака немаше голема минутажа кај Пеп Гвардиола, а со доаѓањето на Португалецот речиси и невозможно ќе биде да биде дел од почетните 11.

Како втора опција исто така се споменува и капитенот на Арсенал, Пјер-Емерик Обамејанг, а Алегри исто така пројавил интерес и за неговиот клупски колега Александер Лаказет.

Сепак, доколку желбите за купување од Англија не се остварат, Јувентус би можел да се насочи кон домашното првенство, а први во редот се Скамака и Белоти.