Фудбал

КОИ СЕ НАЈГОЛЕМИТЕ ФУДБАЛСКИ ДЕРБИЈА?

Денешниот ден е исполнет со неколку фудбалски дербија кои ќе нè одржат будни до доцните вечерни часови за да ги дочекаме исходите.

Програмата е исполнета со реваншот меѓу Атлетико и Барселона во шпанскиот Куп, каде победникот ќе закаже битка за трофеј против Реал Мадрид. На Островот, Мерсисајд е на нозе за средбата меѓу Ливерпул и Евертон, додека на Чизмата се игра „Дерби дела Мадонина“, каде што Милан и Интер ќе ги одмерат силите во првите 90 минути од полуфиналниот куп-двомеч. Исто така и Истанбул е подготвен за најголемото турско дерби меѓу Фенербахче и Галатасарај, па оваа фудбалска вечер делува како празник за фанатици.

Токму овие дуели ни отворија дебата кои се најголемите 10 фудбалски дербија во светот, а на листата се најдоа:

10. Ал Ахли – Замалек (Египет)

9. Борусија Дортмунд – Шалке 04 (Германија)

8. Гремио – Интернационал (Бразил)

7. Ливерпул – Манчестер јунајтед (Англија)

6. Фенербахче – Галатасарај (Турција)

5. Лацио – Рома (Италија)

4. Национал – Пењарол (Уругвај)

3. Селтик – Ренџерс (Шкотска)

2. Реал Мадрид – Барселона (Шпанија)

1. Бока јуниорс – Ривер плате (Аргентина)

Инаку, дерби-дуели има и утре, а и во претстојниот викенд. Утре Челси го пречекува Тотенхем во нова градска пресметка, додека недела е ден за манчестерското дерби меѓу Јунајтед и Сити на „Олд трафорд“.