Фудбал

НЕМА ШЕГА СО ДЕ ЗЕРБИ, АКО ИЗГУБИШ НЕМА ДА СИ ОДИШ ДОМА

Роберто Де Зерби најмногу се прослави во периодот кога работеше во Премиер лигата како тренер на Брајтон, а откако ги направи Галевите конкујрентен тим, се одлучи за нова мисија и тоа во Франција, како предводник на Олимпик Марсеј. Де Зерби го врати Марсеј меѓу топ 3 екипите во Лига 1, меѓутоа тимот засега е далеку од тоа да биде конкурент на ПСЖ.

Парижаните наскоро ќе ја обезбедат титулата, но останува битката за останатите места кои водат во Лигата на шампионите следната сезона, што воедно е цел на Марсеј. Сепак, поразот од 3-1 на гостувањето кај Ремс ги разниша плановите на Де Зерби. Неговата екипа падна едно место, поточно се трети зад Монако со бод помалку, додека четвртопласираната Ница заостанува со два бода зад Марсеј.

Овој пораз Де Зерби не го поднесе добро, па им ги скрати двата слободни дена на играчите, а по враќањето од шампањското подрачје, целиот тим мораше да преспие во тренинг центарот наместо секој да си оди дома.

Не дека ова е прв пораз на Марсеј сезонава, но очигледно италијанскиот стратег бил незадоволен од залагањето на своите играчи, а казната беше за да им одржи лекција следен пат да го дадат својот максимум, без разлика на резултатот.