Фудбал

ТИКВЕШ ГО ПОВЛЕКУВА ДРЕСОТ СО БРОЈ 16 ВО ЧЕСТ НА АНДРЕЈ ЛАЗАРОВ

Поранешниот клуб на Андреј Лазаров, ГФК Тиквеш, го повлекува дресот со број 16 од употреба во чест на македонскиот фудбалер, кој трагично го загуби животот во пожарот кој се случи во дискотеката „Пулс“ во Кочани, минатиот викенд.

Лазаров во својата кариера во два наврати ги бранеше боите на кавадаречкиот фудбалски клуб, прво како позајмен играч од Работнички во сезоната 2019/20, а потоа и во сезоната 2022/23.