КОЧАНЧАНЕЦОТ МАНЕВ ПРЕД НАЈТЕШКИОТ НАТПРЕВАР: ТИЕ БИ САКАЛЕ ДА ПРОДОЛЖИМЕ И ДА БИДЕМЕ ОВДЕ
Објавено на: 19.03.2025
За 3 дена македонската фудбалска репрезентациј во Вадуц ќе го игра натпреварот од квалификациите за СП во 2026 против Лихтенштајн. За секој еден фудбалер ќе биде тешко да се настапи, но особено тоа ќе биде за Јован Манев, фудбалерот од Кочани кој загуби свои пријатели, сограѓани во кобниот настан.
Ова се многу тешки денови за мене и за сите нас. Изгубив, изгубивме сите блиски пријатели, но тие би сакале да продолжиме и да бидеме овде, да се бориме за нашата земја, за нашата репрезентација. Ќе ни недостасуваат засекогаш и никогаш нема да бидат заборавени и затоа ако ми се укаже шанса, исто и на моите колеги, ќе го дадеме максимумот за сите нив. Во чест на нив. И ова е шанса да покажеме карактер и сплотеност сите заедно и така да постигнеме резултати, најпрво за нив.