Фудбал

ФАЛАНГАТА СО АПЕЛ: НА СТАДИОН ВО ЦРНО, ОД РЕКВИЗИТИ САМО ЗНАМИЊА И ШАЛОВИ

Македонската фудбалска репрезентација утре во 15 часот ги започнува квалификациите за Светското првенство 2026, со гостување во Вадуц каде ќе ги одмери силите против Лихтенштајн.

На „Рајнпарк“ стадионот се очекува да бидат присутни околу 2.000 македонски навивачи кои ќе го бодрат нашиот национален тим да избори позитивен старт а квалификациите, и покрај тоа што целата земја тагува по трагедијата во Кочани во која загинаа 59 сограѓани.

Во нивна чест, фудбалерите ќе играат во темните дресови, додека популарната фан-група Фаланга апелираше да се носи црна облека, а од реквизити да се користат само знамиња и шалови, без никакви инструменти како тапани и труби, како и натпреварот да се проследи мирно со цел да се оддаде почит кон загинатите.