Фудбал

ПЕП ЗА ТЕН ХАГ: ЖАЛ МИ Е, ТАКВА Е ТРЕНЕРСКАТА ПРОФЕСИЈА

Пеп Гвардиола со неговиот Манчестер сити утревечер гостува кај Тотенхем во рамките од осминафиналната рунда во Лига Купот на Англија, а ова беше прва прилика за новинарите да го прашаат предводникот на Граѓаните за неговото мислење за отказот на Ерик Тен Хаг од клупата на Манчестер јунајтед.

Пеп изрази жалење што неговиот колега остана без работа.

„Навистина ми е жал за Ерик. Соработувавме неколку години заедно и знам каков човек е, можам само да кажам дека беше претставник на Манчестер јунајтед на најдобар можен начин, како што треба да се претставува еден таков голем клуб. Но, таква е тренерската професија, не е како да си архитект или професор. Луѓето очекуваат да добиеш отказ доколку не носиш резултати, тоа е факт кој сите го имаме прифатено со самата определба да работиме како тренери“, истакна Гвардиола.