Фудбал

ВЕЧЕРВА ЌЕ СЕ ДОДЕЛИ „ЗЛАТНАТА ТОПКА“, САМО ПЕТ ЛУЃЕ ГО ЗНААТ ПОБЕДНИКОТ

Вечерва во Лондон по 70-ти пат ќе се додели „Златната топка“ за најдобриот во светот на фудбалот за 2026 година, во избор на „Франс фудбал“ во соработка со УЕФА.

Инаку за главното признание, играч на годината во машка конкуренција, речиси никој не знае кој е победникот.

Инаку, само неколку луѓе, не повеќе од четири-пет, кои знаат кој е победникот за 2026. Еден од нив е главниот уредник на „Франс фудбал“, а во тој мал круг се и од златарското семејство Мелерио кое ја прави топката и граверот кој го гравира името на победникот.

Фаворити за играч на годината се Хари Кејн, Ламин Јамал и Килијан Мбапе.