ВАН ДАЈК СЕПАК ЈА ИГРА ПОСЛЕДНАТА СЕЗОНА ВО ЛИВЕРПУЛ – ПОЗНАТ Е И НОВИОТ КЛУБ?
Објавено на: 29.10.2024
Период на неизвесност во таборот на Ливерпул поради договорите на трите најголеми ѕвезди во екипата, капитенот Вирџил Ван Дајк, Трент Александер-Арнолд и Мохамед Салах.
Тројцата ја одработуваат последната година од нивните договори, а засега нема прогрес или новости околу тоа дека ќе ги обноват соработките и ќе продолжат да играат на „Енфилд“.
Во меѓувреме, се шират шпекулации дека Ван Дајк од следното лето ќе игра за дуг европски гигант, а станува збор за Баерн Минхен. Во редовите на германскиот вицепрвак наводно се работи на случајот да се ангажира холандскиот стопер без отштета, со цел да се зацврсти одбранбениот ред на тимот кој го води Венсан Компани.
Новинарите во Англија постојано ги прашуваат ѕвездите на Ливерпул дали ќе ги обноват договорите или ќе ги продолжат кариерите во други клубови, на што Ван Дајк по дербито со Арсенал одговори дека е фокусиран само на сезоната и перфомансот на екипата.
Трент пак, е сѐ поблиску до Реал Мадрид, додека Салах се очекува да се пресели во Саудиска Арабија.