УРЕДНИКОТ НА ФРАНС ФУДБАЛ ОТКРИ ЗОШТО ВИНИСИУС НЕ ЈА ОСВОИ ЗЛАТНАТА ТОПКА
Објавено на: 29.10.2024
Винсен Гарсија, главниот уредник на „Франс фудбал“ францускиот весник, обелодни поради кои причини Винисиус јуниор остана без Златната топка, иако до пред ден од гала-вечерта беше фаворит за да биде прогласен за најдобар фудбалер во светот.
Според Гарсија, Винисиус имал конкуренција од неговите соиграчи како Белингем и Карвахал, со кои заедно ги освои Ла Лига и Лигата на шампионите минатата сезона, па гласовите биле поделени меѓу нив, а сето тоа било во корист на Родри, освојувачот на Златната топка за 2024 година.
„Меѓу топ 5 кандидатите беа соиграчите на Висиниус, Карвахал и Белингем, кои исто така собраа доста гласови. Тоа е резултатот на минатата сезона во која Реал славеше многу успеси, па и овие двајца исто така ја заслужија наградата. Од поделбата на тие гласови најмногу корист имаше Родри, како што се испостави на крајот. Бев под голем притисок од Мадрид за порано да им го откријам победникот, но јас не попуштив. Веројатно моето молчење ги натера да заклучат дека Винисиус нема да ја освои наградата, или дознале од друго место, па затоа не беа присутни. Гарантирам дека никој во Сити, ниту самиот Родри, до последен момент не знаеја дека Шпанецот ќе биде прогласен за освојувач“, истакна Гарсија.