Фудбал

ЛАПОРТА, ДАЈ МУ ВТОРА ШАНСА – ЧАВИ СЕ ПРЕДОМИСЛИ, ОСТАНУВА ВО БАРСА?

Само ден по поразот во Ел Класико, шпанските медиуми изненадија со информацијата дека Чави Ернандес се предомисли и сега сака да остане на клупата на Барселона.

Пред неколку месеци каталонскиот стратег јавно истакна дека заминува од клубот по крајот на сезоната, но од тогаш неговата екипа игра многу подобро, резултатите се подобрија, додека играчите и самата управа се обидуваа да го натераат Чави да остане.

Изгледа токму тоа ќе се случи, но последниот збор го има претседателот Жоан Лапорта. Барса веќе извесен период бара замена за Чави, но на пазарот не се нуди ништо по нивен крој, па затоа опцијата за Чави да остане е многу веројатна.

Бидејќи сезоната ќе им заврши без освоен трофеј, Чави од Лапорта бара тимот да биде засилен за следната сезона, додека да не се продадат клучните играчи.