Фудбал

ПРОБЛЕМ ПОМАЛКУ ЗА АРСЕНАЛ: ПРВИОТ СТРЕЛЕЦ ВО ПЛ СЕ РАЗБОЛЕ ПРЕД ЛОНДОНСКОТО ДЕРБИ

Настинка засега го спречува Кол Палмер да ги предводи Сините во градското дерби против Арсенал, кое е предвидено да се одига утревечер во рамките од 34-тото коло во Премиер лигата.

Најдобриот стрелец на Челси и воопшто Премиер лигата сезонава, веројатно нема да се избори за место во составот на Покетино пред важниот дуел со Топчиите, во кој и двете екипи многу им се потребни трите бода.

Палмер го пропуштил денешниот тренинг, а за Арсенал ова е проблем помалку, но за Челси е тешка главоболка со оглед на катастрофалната сезона, без разлика што Сините се во серија од 9 меча без пораз во англиското првенство.

Арсенал ќе се обиде да ги задржи шансите за титула, додека Челси се бори за топ 6 местата и пласман на некое од европските натпреварувања.

Палмер инаку досега забележа 20 погодоци, исто толку има и Халанд, но офанзивецот на Челси има и 4 асистенции повеќе (9).