Фудбал

АНГЛИЧАНИТЕ ТВРДАТ: НА ТРИБИНИТЕ БЕШЕ НОВИОТ МЕНАЏЕР НА ЛИВЕРПУЛ (ФОТО)

Ливерпул вчера ги одржа во живот шансите за титулата во Премиер лигата по триумфот од 3-1 на гости кај Фулам, но тоа не е главната вест од натпреварот од 34-тото коло во Премиер лигата.

На „Крејвен Котиџ“ наводно се појавил новиот менаџер на Црвените, а тоа е Жозе Мурињо. Фотографијата која кружи на интернет доби контекст, Специјалниот не залудно бил во Лондон да го проследи натпреварот, туку го набљудувал својот нов тим.

Во кариерата, Мурињо двапати беше тренер на Челси, ги водеше Манчестер јунајтед и Тотенхем, а сега би можел да седне на жешкото столче на „Енфилд“, за да го наследи Јирген Клоп.

Можно ли е?