Кошарка

ВЕЧНИОТ ПОП ОСТАНУВА НА КЛУПАТА НА СПАРС И ВО СЛЕДНИТЕ 5 ГОДИНИ

Грег Поповиќ, кој има 74 години ќе остане на своето работно место и во наредните години. Како што објави познатиот американски новинар Адријан Војнаровски, вредноста на новиот петгодишен договор е повеќе од 80 милиони долари.

Попович постигна бројни успеси со франшизата Сан Антонио Спарс од Тексас, која ја презеде во 1996 година. Играјќи атрактивен стил на кошарка и негувајќи силен тимски дух, со нив освои пет шампионски прстени, во 1999, 2003, 2005, 2007 и 2014 година.

Попович беше успешен и како селектор на САД, репрезентација која ја предводеше од 2017-та до 2021-та година, освојувајќи го златото на ЛОИ 2020 во Токио. Познавате ли друг ваков долговечен и успешен тренер кој е актуелен предводник на некоја екипа?