ЏАКА СЕ ЧАТАЛИ, А ВСУШНОСТ БИЛ ПАПУЧАР?
Објавено на: 10.07.2023
Швајцарскиот фудбалер Гранит Џака до неодамна беше капитен на Арсенал, но летово се пресели во Баер Леверкузен кај тренерот Чаби Алонсо. Се зборуваше дека сопругата на Џака всушност била несреќна во Англија и побарала од него да го смени клубот. Играчот од средниот ред објасни што се случило.
Имаше приказни дека мојата сопруга повеќе не е среќна во Англија. Тоа воопшто не е точно. Факт е дека јас сум личност која е заинтересирана за нови предизвици. После седум години дојде време за нешто сосема ново. Во разговор со тренерот и спортскиот директор, заклучив дека Баер е клуб и проект за мене. – изјави Џака.

Гранит Џака (30) за Арсенал одигра 297 натпревари и постигна 23 гола. Двапати го освојуваше ФА Купот, но имаше многу проблеми под раководство на менаџерот Унаи Емери, кој го стави на клупата и му ја одзеде капитенската лента поради лошо однесување.