Фудбал

ДАЛИ ПСЖ СОБИРА ПОЛОВНИ ИГРАЧИ И ОД НИВ ОЧЕКУВА ДА НАПРАВИ СУПЕРТИМ?

Францускиот интернационалец Лукас Ернандез замина од Баерн Минхен и се пресели во Пари Сен-Жермен, соопшти парискиот клуб и додаде дека тој потпишал договор до 2028 година.

Чувствувам голема радост. Долго чекав да преминам во ПСЖ, и конечно се случи. – изјави Ернандез (27).

Ернандез е петтото летно засилување на ПСЖ по Словакот Милан Шкриниар, уругвајскиот играч за врска Мануел Угарте, шпанскиот напаѓач Марко Асенсио и корејскиот офанзивен играч за врска Ли Канг-Ин. Сумата на трансферот е околу 40 милиони евра, далеку под 80-те милиони евра на кои Баварците се надеваа на почетокот на преговорите.

Освен што распродава една третина од екипата, францускиот шампион или шпанскиот стратег купува второразредни или недокажани играчи, за услови во кои се надеваат дека ќе треба да играат и да постигнуваат врвни резултати.

Ќе им појде ли од рака?