ЕНРИКЕ ПРОТЕРУВА ЦЕЛА ЕКИПА, ЕГЗОДУС ВО ФРАНЦУСКИОТ ШАМПИОН
Објавено на: 09.07.2023
Француските медиуми пренесуваат дека дури 12 играчи од сегашниот состав на ПСЖ можат да бараат нова средина. Клубот моментално располага со 30 играчи, што било премногу за планот што сака да го спроведе шпанскиот стратег и затоа многумина се слободни да побараат друга средина за следната сезона.
Најнови на овој список се:
Хуан Бернат
Кејлор Навас
Абду Диало
Џорџинио Вајналдум
Колин Дагба
Јулијан Дракслер
Левин Курзава
ПСЖ од поодамна е со став дека нема да направи проблем во евентуален случај со трансфери на Мауро Икарди, Тимоти Пембеле, Леандро Паредес и Ел Шадаил Битчиаби.

На оваа листа се најде и младиот Уго Екитике кој претходната сезона во клубот ја мина како позајмен од Ремс, но големо прашање е дали парижаните ќе го откупат неговиот договор сега кога Енрике е на клупата.
Со кого ли ќе игра Шпанецот, следната сезона?