Фудбал

ЈУНАЈТЕД ПРИТИСКА ЗА ОНАНА, ДЕ ГЕА Е МИНАТО?

Тешко е да се поверува дека двајца голмани кои се врвни и кои се стартери во своите екипи, ќе можат да играат заедно и да делат минути на гол линијата, особено на една институција каква што е Манчестер Јунајтед.

Црвените ѓаволи понудија пакет од 50 милиони евра со бонуси, односно околу 45 милиони основна понуда и другите средства како додатоци. Интер бара(ше) пакет од 60 милиони евра. Изворите велат дека 55-ка ќе го реши случајот. Личните услови со Онана веќе се договорени.

На овој начин, Јунајтед му се заблагодарува на Давид Де Геа за услугите во изминатите години (2011-2023, 415 настапи) во кои беше првиот избор на голот, години во кои ја освои последната титула за тимот од Олд Трафорд во Премиерлигата (2013) и во Европа Лигата (2017).

Шпанскиот голман технички е слободен играч, но Јунајтед го задржува правото на преговори, се разбира во случај да не успее да донесе некое звучно име. Таков е современиот спорт и животот за пари. Разговорите продолжуваат…