КОЕ Е НАЈДОБРОТО ЗАСИЛУВАЊЕ ВО ПРЕМИЕРЛИГАТА, ДОСЕГА?
Објавено на: 06.07.2023
Во 2023/24 ќе гледаме едно од највозбудливите првенства во историјата на англискиот фудбал, а тенденцијата е секоја година интензитетот на возбудата да се зголемува, затоа што премиерлигашите не штедат средства и начини да ги донесат на Островот најдобрите фудбалери.

Еве три предлози, за трансфер на годината:
– Сандро Тонали од Милан во Њукасл!
– Џејмс Мадисон од Лестер во Тотенхем!
– Мејсон Маунт од Челси во Манчестер Јунајтед!
Кој е вашиот избор, или некој сосема друг предлог имате?