Фудбал

КАКО РЕАЛ СЕ ОБИДУВА ДА ГО УКРАДЕ ЃУЛЕР?

Кралскиот клуб, обично, кога нешто ќе замисли, тоа и го остварува. Така ќе биде најверојатно и во случајот со турскиот бисер, последната голема надеж на турскиот фудбал и новата европска фудбалска ѕвезда, која се уште е во најава. Реал не сака да калкулира.

Арда Ѓулер има 18 години и настапува за Фенербахче и за турската а селекција. Игра на позицијата офанзивец од средниот ред. Кариерата ја почна во Генчербирлиги во Анкара, а од 2019-та е член на истанбулскиот гигант, каде досега има 32 настапа и 7 гола.

Предлогот е вреден 20 милиони евра плус бонуси, 20% продажна клаузула, данок и провизии, кои ќе ги покрие шпанскиот и европски фудбалски титан. Во Реал Мадрид се надеваат дека договорот ќе биде постигнат во наредните 24 или 48 часа, додека да се средат деталите. Барселона и останатите го сакаат, но ова покажува дека Реал е решен да го ангажира Турчинот.