Фудбал

КАКВИ ПРОБЛЕМИ ГО ОЧЕКУВААТ РАМОС ВО СЕВИЉА?

Шпанскиот интернационалец е на крстопат откако летово му истече договорот со Париз Сен-Жермен, и се чини дека ветеранот очајно сака да се врати во Шпанија. Според Кадена СЕР, Рамос е „збудален“ по враќањето во поранешниот клуб Севиља, потег што првпат беше објавен како потенцијален, во средината на јуни. Според истиот извор, 37-годишниот дефанзивец има незавршена работа со клубот што го „остави“ во 2005 година за Реал Мадрид.

Рамос имаше невкусни односи со навивачите на Севиља последниве години, добивајќи многу вербално и Интернет малтретирање за неговите лудории додека беше во Реал Мадрид, поради што се претпоставува дека неговото доаѓање можеби би предизвикало тензична ситуација во клубот.

Овој потег има смисла само доколку новиот спортски директор Виктор Орта, верува дека може да донесе квалитет во сегашниот тим. Еден од најголемите проблеми на Севиља во последниве години е регрутирањето на стари играчи без вредност за препродажба. Дополнително, Севиља веќе има пет централни дефанзивци, а Хозе Луис Мендилибар не планира да промени од системот 4-4-2.