Фудбал

НИКОГАШ НЕ БИЛ ДОВЕДЕН ВО ПРАШАЊЕ ТРАНСФЕРОТ НА МАУНТ

Како заврши во Јунајтед, момчето кое е производ на академијата на Челси, во кое сините гледаа долгогодишен играч и заштитен знак на Западен Лондон? Манчестер Јунајтед се согласил на цената од 60 милиони фунти на пакетот за Мејсон Маунт. Договорот е официјално и потпишан уште во текот на вчерашниот ден.

Личните услови меѓу играчот и неговиот нов клуб биле експресно договорени одамна, уште пред неколку недели, па останало само клубовите да испеглаат меѓу нив. Црвените ѓаволи тврдат дека овој трансфер на играчот на лондонските сини, никогаш не бил доведен во прашање и било само прашање на време кога и како ќе се официјализира и ќе и се соопшти на јавноста.

Единственото прашање што се поставува во целиот овој случај, е како успеа Челси да загуби свој бисер, продукт на својата школа (кој очигледно не само што не е послаб, туку е многу подобар од оние играчи што доаѓаат како засилувања за следната сезона), при оваа неверојатна распродажбата на се што вреди во редовите на сините?