ЈУВЕНТУЕ Е ЈУВЕНТУС, БЕЗ РАЗЛИКА НА СЕ
Објавено на: 29.06.2023
Сениорскиот репрезентативец на Италија и своевремено голем талент на калчото, кој сега настапува за турскиот прволигаш Галатасарај, во еден здив изјави за Газета:
Јувентус е Јувентус, со или без Лигата на шампионите, не е важно. Отсекогаш сум бил навивач на Јуве. Погба беше мојот идол. Би сакал да играм таму.
Потоа се осврна на моменталната ситуација во турското првенство:
Се чувствувам многу добро во Турција. Навивачите на Галатасарај се навистина неверојатни.

Николо Заниоло (23) ја почна кариерата во Виртус Ентела, пред да заигра во Интер, па Рома и поради повреди и слаба форма, да заврши во Галатасарај. Го најавува своето враќање во Италија?