Фудбал

ЈУНАЈТЕД СИ ПОИГРУВА СО ЧЕСТА НА ДЕ ХЕА

Давид Де Хеа и Манчестер Јунајтед имаа договор за продолжување на соработката со драстично намалена плата за голманот. Шпанецот дури веќе им ја соопштил веста на соиграчите.

Тој го потпиша договорот… Но, клубот не се потпиша на договореното… – вели неименуван извор, за англиските медиуми.

Црвените ѓаволи му соопштиле на Давид Де Хеа дека нивната првична понуда повеќе не е на маса и дека тој мора да ја намали уште повеќе платата, доколку сака да продолжи да брани за Манчестер Јунајтед.

Дали еден сериозен клуб се однесува вака со една легенда на клубот, или во модерното време се е дозволено?