Фудбал

КУЛИБАЛИ НЕ ЖАЛИ ШТО ЗАМИНАЛ ЗА САУДИСКА АРАБИЈА

Сенегалскиот репрезентативец зборуваше за причините поради кои тој се преселил од англиското фудбалско првенство, во Саудиска Арабија:

За парите:

Не можам да негирам. Ќе можам да му помогнам на целото мое семејство да живее добро, од моите родители до моите братучеди, и да ги поддржам активностите на моето здружение Capitaine du Coeur во Сенегал. Почнавме да градиме клиника во селото на моите родители. Имам многу проекти за помош на младите.

За религијата:

Јас сум муслиман, пристигнувам во идеална земја за мене и моето семејство.

За неговата ситуација во Челзи:

Не ми се допаѓа да бидам на клупата и да не правам ништо. Повеќе сакам да одам таму каде што навистина ме посакуваат.

Калиду Кулибали играше за младинската француска репрезентација, пред да заигра за сениорската на Сенегал. Тој е роден во Франција, таму научи да игра фудбал.