Фудбал

ИНТЕР ГО ПОБЕДИ МИЛАН УШТЕ ЕДНАШ

Постигнат е целосен договор меѓу синиот клуб од Милано и играчот кој не вреди многу во пари, но може да вреди екстремно многу на теренот.

Иако е мачка во вреќа, бидејќи освен што цената е ниска (6.5 милиони евра), доаѓа од Борусија Менхенгладбах и нема некое вонсериско CV, сепак 25-годишниот напаѓач Маркус Турам е уште еден триумф на нероаѕурите во дуелите со росонерите.

ПСЖ, Лајпциг и Милан се одбиени, а градскиот ривал освен што ги губи најдобрите играчи секоја година, сега без Паоло Малдини на позицијата директор не може ниту да донесе звучно засилување.

Освен Турам, во Интернационале доаѓа и Цезар Ацпиликуета, од Челси. Улогите се сменија, Интер повеќе од една деценија е институција за Милан!